Французинот Френк Рибери, Португалецот Кристијано Роналдо и Аргентинецот Лионел Меси ќе се борат за наградата за најдобар фудбалер во 2013 година, која ја доделува Светската куќа на фудбалот (ФИФА).


За освојување на наградата нема изразит фаворит, но, јавноста е поделена околу тоа, кој фудбалер ја заслужи престижната награда. „Војната“ ќе се води меѓу Роналдо и Рибери, а Меси некако од позадина ќе дејствува бидејќи во 2013 е далеку од она што беше во 2012 кога по четврти пат се закити со „Златната топка“.

Јавноста околу нив е поделена. Роналдо има фантастични бројки позади неговото име, но нема трофеј во 2013,. Рибери има исто така одличен учинок, а има и четири титули во 2013 година. После оваа статистика на сликата ќе се разјаснат некои работи.

Мх.П.