Еден гледач припаднак на навивачката група “Комити“ на средина од вториот дел од европското ракометно дерби во Лигата на шампиони помеѓу Вардар и Металург, фрли столче на теренот по што следуваше прекин и бурна реакција од клупата на тимот од Автокоманда.

Македонскиот првак ќе се соочи со висока парична казна за пропустот, а во зависност од ЕХФ „црвено црните“ може следните натпревари дома да ги играат без публика.
Фото : „Р.К. Металург“
Мх.П.










