Бројните новогодишните реквизити, светкавите сијалички и новогодишната елка, кои се поставени во централното градско подрачје на Струга и по кејот на реката Црн Дрим, им донесоа на стружани вистински предновогодишен амбиент.

Покрај украсувањето на градот Локалната самоуправа на Струга, годинава ќе организира и новогодишен дочек на плоштадот. Според најавите, свечената програма која ќе се реализира на 31-ви декември ќе има мултиетничка содржина.

OhridNews