Водечката екипа во Втората македонска фудбалска лига запад, Струга Трим Лум со минимални 1-0 го совлада Тетекс на домашен терен во првиот меч од 23-та рунда во шампионатот.

„Црвено белите“ победата и трите бодови кои ги обезбедија со погодокот на капитенот Фљамур Таири му ги посветија на Мартин Стојаноски. 22-годишниот голман и член на Лабуништа заедно со жителите на Охрид и Струга се борат за собирање на финансиски средства кои се потребни за лекувањето во Москва, Русија.

Со триумфот, Струга Трим Лум се одлепи 11 бодови од второпласираната Лабуништа која утре (сабота) ќе го одигра дербито со Пелистер.

OhridNews