Доколку синоќа го набљудувавте небото, сигурно уживавте во Супер розовата месечина, која сјаеше над Охрид.

Синоќа можеше да се види најголемата Супер месечина во оваа година. На изгревањето таа беше во вообичаените бои.

Најсјајната и најголема полна месечина оваа година

Околу 4 часот утрото Супер месечината над Охрид беше најголема и посјајна од обично и токму овој феномен кој го забележа објективот на Анамарија Момироска, се нарекува Розова месечина.

Розова месечина на небото над Охрид

Овој необичен природен феномен се случува кога месечината е најблиску во Земјата.

OhridNews
Фото: А. Момироска