Објектот кој има препознатливата архитектура, е првиот во Охрид изграден според најновите меѓународни стандарди за квалитет и енергетска ефиксност.
Како што истакнуваат од „Адора“, овој станбен објект, Охрид го стави во редот на современите градови кои ги користат зелените технологии за квалитетно, економично и здраво домување, со грижа за животната средина и идните генерации.

Станбената зграда има 90 функционални станови и 120 модерни подземни паркинзи, со пристап од четири влезови, обезбеден е со видео надзор, има пристап до интернет, како и своја трафостаница за електрична енергија.Новина се и фотоволтажните системи за заедничко осветлување , што како пионер во Македонија ги воведе АДОРА Инженеринг.

Освен гарантираната асеизмичност, сигурност и цврстина, зградата на станарите им штеди енергија и пари и ја заштитува животната средина.
– Се наоѓаме на најстабилниот терен во Охрид и пошироко. Пријдовме со голем професионален однос, вадевме земја, бонифициравме. Нема инвеститор кој би штедел на материјал, енергија, пари, време, а семејствата да бидат небезбедни. Јас ви гарантирам дека се наоѓаме на најстабилното тло. Зградата е со гарантирана асеизмика и висока геомеханичка стабилност за што потврда се направената бонификација на земјиштето, темелната бетонска плоча од еден метар, како и вградените 7.500 метри кубни бетон и 700 тони железо, рече на отварањето Генерален директор на АДОРА Инженеринг, Ванчо Чифлиганец.
Со ставањето во употреба на новата зграда во Охрид, започнуваат активностите со кои „АДОРА“ ја одбележува 10 годишнината од постоењето. Тие ќе бидат заокружени со пригодна свеченост што на 28-ми август ќе се одржи во Скопје.





















