Од СВР- Охрид информираат дека до несреќата дошло кога возилото поради неприлагодена брзина удрило во еден од електричните столбови. Во него се наоѓале тројца патници кои се здобиле со тешки телесни повреди.
Две лица се пренесени во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, а едно во одделението за хирургија во охридската Општа болница. На лице место е извршен увид од полициски и судски службени лица