Традиционално и оваа 2017 во маалото во Кошишта кај домот “Св. Кирил и Методиј” се разгоре василичарскиот оган. Се играа традиционални ора, проследени со музика.
Веселата атмосфера беше надополнета со печење колбаси и скара на жар, топол леб, туршија и црвено домашно вино, а се печеа и компири во фолија. Точно на полноќ, минатогодишните кумови на околу 50 тина луѓе им поделија банички со сирење.

Среќата што ќе ја следи преку цела година и се насмевна на Славица Довлева, која ја пронајде паричката во својата баничка со што воедно е и нова кума. Паричката која се врти во Кошишта е традиционално истата сребрена паричка со верски православни симболи и порака која се пренесува од година во година.


Традицијата за Василица во Кошишта продолжува

OhridNews