Полни контејнери и купишта ѓубре околу контејнерите. Ваква беше сликата вчера попладне на локацијата за депонирање на смет позади „Скалестата зграда“ во Охрид. Жителите кои живеат во овој стамбен комплекс и во околните куќи велат дека двата контејнера речиси секогаш се преполнети и бараат од надлежние да постават уште еден сад за собирање на отпад.

Од ЈП „Охридски Комуналец“ неодамна најавија дека наскоро ќе бидат набавени 200 нови пластични контејнери со капаци, кои ќе бидат поставени на повеќе локации во Охрид, пред почетокот на летната сезона.

OhridNews