Непријатна миризба од мртво животно се шири од вливот на реката Сатеска во Охридското Езеро.
Очевдци велат дека тоа со денови скапува во езерските води, на само неколку метри од стариот пат Охрид-Струга.
Оваа грда слика секојдневно ја гледаат и туристите, а дел од нив ја фотографираат, што секако, не е добра реклама, велат загрижени граѓани.
Тие апелираат до надлежните служби да преземат соодветни мерки и да го отстранат мртвото животно пред да го повлечат езерските води.
OhridNews