Натпреварот од групата Х, Брага и Манчестер Јунајтед на средината од вториот дел беше прекинат десет минути поради пад на електричната енергија на стадионот “Муниципал“. Судијата на мечот германецот Феликс Брајх ги испрати фудбалерите во соблекувалните додека се санираше проблемот.


Во тој момент од натпреварот домаќините имаа водство со голот на Алан од пенал во 49-та минута. Паузата добро им дојде на “црвени ѓаволи“ кои до крајот на дуелот успеаа комплетно да го свртат резултатот и да обезбадат пласман во нок аут фазата.

Мх.П.