Генарацијата 1997/98 во првиот натпревар ремизираше со ПАС Флорина играјќи 2-2, во вториот меч претрпеа убедлив пораз 3-0 од екипата на Талент од Битола.
“Надежите“ на Фер Плеј, генарацијата 2000-01 остварија еден триумф над врсниците од Талент 2-1 и еден минимален пораз од ПАС Флорина. “Цицибаните“ кои одиграа комбинаран натпревар со ПАС Флорина, имаа водсвто од 6-2 а на крајот од мечот забележаа пораз од 10-6.
– Дружењето на овие деца е бесценето, исходот од мечевите секогаш гo оставам во втор план. Приемот беше на високо ниво, условите за игра беа перфектни што резултираше со одлични натпревари. Се надевам дека ПАС Флорина и Талент ќе дојдат пролетоска во Охрид и да ја продолжиме оваа соработка помеѓу трите клуба – истакна тренерот на Фер Плeј, Игор Настоски.
Турнирот во Лерин, ново искуство за Фер Плеј