На просторот пред хотелот „Гарден“ во Охрид, денеска, се одржа втората изложба на украсно прици и животни „Шарен Цвет. Посетителите имаа можност да видат разни видови украсни птици од охридскиот крај и Македонија, како и егзотични животни.
Изложбата ја организацираше Здружението за заштита и одгледување на украсни птици „Дијамантски петел“ под покровителство на општина Охрид.
На изложбата со свои уметнички креации учество зедоа учениците од основните и средните училишта како и најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, а најдобрите цртежи беа наградени од организаторот
Целта на манифестацијата е да се пробуди интерес кај најмладите за украсните птици како и за останатите птици и животни и нивна заштита.
OhridNews