Бајрам (10) и Илми (5) ги затекнавме на градскиот кеј во добро расположение. Поголемиот свири виолина, а помалиот гитара. Едвај ги совладале основите на музицирањето, а веќе се нарекуваат улични уметници. Во кутијата за виолина околу пладне имаше доста банкноти, а детските лица беа неизмерно среќни.

Во кусиот разговор ни кажаа дека самоволно свират на улица и дека тоа го прават од ќеф. Бајрам сака да стане музичар. Го подучувал наставник по музика на домашни часови.

Додека бевме тука им пријде турист кој им остави бакшиш за песната што си ја нарача и се фотографираше со младите музиканти.

Приказната на младите охриѓанчиња кои решиле да заработуваат од музицирањето кое се уште не почнале сериозно да го совладуваат секако отвора морални дилеми, но тие вчера ги освоија симпатиите на минувачите на градскиот кеј кои со насмевка го следеа нивниот настап.

 Г.М.