Актуелниот првак во македонскиот фудбалски шампионат Вардар во Охрид се подготвува за супер дербито против Пелистер. Првично “вечното“ дерби беше закажано за в недела, но поради нованастанатата ситуација Фудбалската федерација на Македонија го одложи мечот за в среда на 6 март.

Избраниците на тренерот Никола Илиевски “Џиџи“ во Охрид ќе останат до в среда кога ќе отпатуваат на мегдан со Пелистер.