Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“.

Вечер за мерак со група „Сарај“ во Ночолино лаунџ бар и џелатериа. Фото: Гоце Цветков.

Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекрасните рефрени од најубавите песни кои на извонреден начин ги донесе групата „Сарај“.

Саботите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол овој февруари се посебни, тематски и исполнети со квалитетна музика. Така ќе биде и во иднина вели менаџерскиот тим кој најавува добра забава со одбрана програма.

OhridNews
Фото: Гоце Цветков