Точно на полноќ, со биење на камбаните во храмовите на Македонската православна црква во Охрид, беше најавен големиот христијански празник воскресението Христово – Велигден.
Илјадници верници ги исполнија црквите и манастирите во Охрид, каде се одржаа празнични богослужби и беше прочитано велигденското послание на поглаварот на Македонската православна црква Архиепископот Охридски и Македониски Г.Г. Стефан.
Верниците палеа свеќи и се крешеа со велигденски јајца кои го симболизираат празникот.
По седумнеделниот пост и примањето на светата причест, верниците празникот ќе го одбележат со богата празнична трпеза во кrугот на семејството и најблиските.
OhridNews
фото: Емил Јовановиќ



















