Велосипедист е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на булеварот „Туристичка“ во близина на бензинската пумпа „Окта“, помеѓу автомобил со струшки регистарски таблички и велосипед. Веднаш интервенираше екипа на брза помош која повредениот велосипедист го пренесе во специјалната болница „Св. Еразмо“.

Причините за несреќата треба да ги утврди увидот кој е во тек, поради што времено во застој е сообраќајот на булеварот „Туристичка“.

OhridNews