Храмовите на Македонската православна црква во Охрид на Велики Петок беа исполнети со верници во текот на целиот ден.
На Велики Петок во црквите се изведува обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „плаштеница – плаштаница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под плаштеницата, верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така се претставува и „Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус).
Богослужби по повод Велигден во сабота пред полноќ ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, каде ќе биде соопштена радосната вест за Воскресението Христово.
OhridNews
фото: Анамарија Момироска





















