Голем број верници денеска се упатија кон манастирот Св. Наум, каде се одржа литургија по повод празникот Св. Наум Охридски Чудотворец. Дел од нив во Св. Наум пристигнаа со бродовите „Александрија“ кои денеска до манастирот пловера по симболична цена.
Фото: Емилио
Верниците кои присуствуваа на литургијата палеа свеќи за здравје и се поклонуваа пред гробот на светителот за кој се верува дека има чудотворна моќ.
Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охрдското Езеро кој сам го изградил. Освен по книжевната работа меѓу народот бил познат и како исцелител и за време на својот живот излечил многу луѓе претежно душевно болни. Познат е и како чудотворец бидејки направил и многу чуда, а некои од неговите чуда се претставени и на фреските од неговиот манастир како таа на која е претставен Св. Наум кој ги впрегнал заедно волот и мечката да ораат. Св. Наум се упокоил во 910 година.
Дрвената скулптура на Св. Наум Охридски
OhridNews
фото: Емилио