Река верници вечерва се слева кон манастирот „Свети Еразмо Охридски“. Традиционално охриѓани, како и верници од околните населени мести, ноќта во очи празникот посветен на Св. Еразмо ја посетуваат малата пештерска црква во близина на Охрид, палат свеќи и се молат за здравје.
По повод празникот вечерва имаше празнична богослужба, со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужба по повод празникот Св.Еразмо во истоимената црква ќе има и денеска со почеток во 9.00 часот.
Верниците го исполнија манастирот „Свети Еразмо Охридски“
OhridNews