Голем број верници на празникот посветен на Св. Климент охридски Чудотворец и Св. Пантелејмон, денеска го посетија големото духовно ссветилиште на Плаошник за да се поклонат пред моштите на светителот кои се изнесуваат за овој ден.

По повод празникот утрово во Св. Климентовиот храм на Плаошник, Св. Пантелејмон, се одржа света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.

Неизбежен празничен декор и оваа година беше традиционалниот панаѓур, а празнувањето има хумана димензија со големата крводарителска акција што на овој ден се одржува на Плаошник.

Денешниот ден е посветен на Св. Пантелејмон кој бил лекар и исцелител и на кого Св. Климент ја посветил својата црква на Плаошник, а исто така на овој ден го празнуваме и споменот на Св. Климент, најголемиот меѓу учениците на Светите Кирил и Методиј, основачот на најстариот Универзитет, просветител кој писменоста и Христовата вера ги раширил низ Европа.

OhridNews
фото: Емилио