Во присуство на голем број гости, пријатели, деловни партнери и љубители на добрата забава, синоќа угостителскиот бренд „Кадмо“ го одбележа 12-от роденден. Забавата која се одржа во барот „Кадмо“ во центарот на Охрид, ја збогатија „Броз“,  „Bettis boob’s“, „High4“, „Kukuzel“ и многу расположени гости.

Фото галерија:

Успешната приказна на „Кадмо“, препознатлив по одличните забави и концерти секогаш пропратени со голем број посетители, добро расположение и одлична музика, започна во 2006 година со отворање на барот „Кадмо“ во центарот на Охрид. Следеше отворањето на познатиот лаунџ бар веднаш до барот во стариот дел на Охрид, кој е познат по најиновативната кујна и извонредните специјалитети, по што „Кадмо“ стана надалеку познат во земјава, а потоа и на плажата „Кадмо“.

Среќен роденден „Кадмо“!

OhridNews

Фото: Анамарија Момироска