Штом ќе влезете во Бирото за вработување, веднаш во очи ви паѓа знакот „Не примам мито“. Меѓутоа некој анонимен автор ги избришал почетните букви од натписот па сега на знакот пишува „Примам мито“. Шегобиецот си поиграл со уште еден таков знак во внатрешноста на установата од каде симнал само една буква. Интересен начин да се убие здодевноста додека се чека на ред или нешто друго не знаеме, но не е лошо знаците да се променат.


Шегобиец го променил значењето на знаците

Ohridnews