Големо виножито го разубави Охридското Езеро. Сончевите зраци по обилниот дожд се прекршија во илјади бои создавајќи прекрасна глетка над езерскиот хоризонт. Идиличната слика се задржа над Охридското Езеро неколку минути. Веднаш потоа темни облаци одново надвиснаа над Охрид. Според синоптичарите променливото време со врнежи од дожд ќе се задржи во текот на целиот ден.


Виножито го украси Охридското Езеро


Ohridnews