Дополнително просторот го стеснуваат и неправилно паркираните возила на тротоарот од спротивната страна, па со тоа не само што се доведува во опасност животот на возачите, туку и на пешачите кои се принудени да се движат на средина од улицата.
На сопственикот на имотот очигледно ваквиот неред не му пречи, но како што коментираат возачите би требало инспекциските служби да превземат мерки, затоа што поради непрегледноста, нарушена е безбедноста во одвивањето на сообраќајот на овој дел од улицата.