Вевчанските василичари ја продолжија четиринаесет-вековната традиција. Повеќе стотини маски продефилираа во горна и долна маала и преку шега, но и мајтап, низ свои видувања ја отсликаа македонската реалност. Покрај традиционалните маски  зетот и невестата, ѓаволот и  музичарите, меѓу повпечатливите маски оваа година беа: Велија Рамковски, Скопје 2014, џамијата во Белица и други. Во Вевчани денеска сите оние гости што се тука ќе можат да видат познати и непознати фаци, да препознаат јавни личности, смешни, но и трагични настани, што оставија печат во изминатата година. Неизбежен декор беа и политичарите, а и годинава карневалот во Вевчани го привлече вниманието на дипломатскиот кор. Покрај големиот број домашни посетители во Вевчани денеска можеа да се забележат и гости од странство кои со воодушевување го проследија карневалот.


Вевчани во карневалско лудило

Г. Момироски