Составот на Златара Бени и Ерол се искачи на првото место од пиедесталот триумфирајќи на првото издание на Празничниот турнир во мал фудбал „Охрид 2020“. Финалната завршница на турнирот понуди се што можат вистинските љубители на фудбалот да посакаат. Погодоци во малото финале, атомски фудбал и шанси во финалето и на крај, пенал рулет кој го одлучи шампионот.

Во пенал серијата, подоби и попрецизни беа „црните“ кои реализираа четири од петте пенали за разлика од тимот на АСП  Пак кој погреши во третата и петтата серија.

Видео од пенал рулетот во финалето.

Мега фото-галерија од најдобрите моменти на финалниот ден од турнирот:

Мх.П.

 

Златара Бени и Ерол триумфираше на турнирот „Охрид 2020“