Светски познатиот џез пејач, Владимир Четкар, синоќа на терасата „Аквариус“ во Охрид одржa концерт во чест на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, и неговиот гостин, поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ.

Покрај Иванов и Тадиќ, на концертот присуствуваа охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, како и амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс.

Инаку, заедно со охридскиот музичар Четкар, како специјален гостин настапи Benno Sattler.

OhridNews