Извидници од Охрид, членови на велосипедскиот клуб „ЕкоДром“, волонтери од охридскиот Црвен крст, претставници од Националниот парк „Галичица“, општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“, Министерството за животна средина и просторно планирање и компанијата „Пакомак“, денеска спроведоа акција за чистење од отпад на националниот парк Галичица.

Со акцијата што ја организираше Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата Ајде Македонија, беа опфатени повеќе локации во националниот парк, патот до Велестово, селото и неговата околина, како и познатите излетнички места на Галичица.

Учесниците во акцијата собраа поголема количина цврст отпад, кој беше подигнат од службите на ЈП „Охридски Комуналец“.


Галичица светна

OhridNews