Празникот посветен на Св. Кузман и Дамјан, во народот познат како Свети Врачи, свечено беше одбележан во Охрид.

По повод празникот голем број верници денеска го посетија храмот посветен на Св. Кузман и Дамјан во населбата Варош. Тие палеа свеќи и се молеа за здравје, а беше послужена и традиционална празнична трпеза.

Светите бесребреници Кузман и Дамјан наречени се бесребреници или безмитни затоа што бесплатно ги лекувале сиромашните болни, а среброто е поим за алчност. Легендата вели дека со успех го изучиле лекараскиот занает, а господ ги дарувал со исцелителска моќ да лекуваат секакви болести.

OhridNews
фото: Емилио