Ракометарите на Македонија предводени од капитенот Кирил Лазаров излегоа на загревањето пред почетокот на мечот со Чешка кој е од исклучително значење за нашата селекција.
Лазаров за кој се уште не се знае дали ќе игра или само како поддршка ќе седи на клупата беше поздравен со громогласен аплауз од македонската фаланга во Вараждин.
Натпреварот со Чешка започнува во 20 часот и 30 минути, а Македонија нема право на грешка, односно не смее да го изгуби мечот.
Од Вараждин, Горан Момироски