Погодокот на Линдберг во последните секунди од мечот го сруши македонскиот сон за полуфинале на Европското првенство во Србија. Место “црвено жолтата“ чета, во полуфиналето се пласираше данската селекција, а подоцна го освои златниот медал. Во последната рунда од групната фаза на мундијалот, ќе се сретнат овие две селекции и време е Лазаров, Мојсоски, Димоски и останатите “лавови“ да го наплатат долгот од Србија.

Мх.П.