Пред почетокот на патеката која води кон црквата „Свети Јован Канео“, покрај таблата „Забрането фрлање на ѓубре“ во текот на вчерашниот ден беа оставени неколку кеси со отпад. Ваквата ниска еколошка свест кај поединци остава грда слика на туристите и посетителите кои секојдневно минуваат по оваа патека, за да ја посетат црквата или да одат на плажа.

Жителите на населбата „Канео“ велат дека исфрлањето на ѓубре на оваа локација е честа појава и бараат од надлежните да постават некаков сад за депонирање на отпад.

OhridNews