Теквондо клубот „Hwa Rang Itf“ од Лескоец-Охрид со коктел во ресторанот Гурман ја заокружи 2016 година како една од најуспешните во историјата. Клубот кој на боречката спортска сцена постои 25 години, во годината што изминува учествуваше на безброј турнири со меѓународен карактер, а вкупно 18-те натпреварувачи освоија 90 одличја.
– Минатата 2015 година ни беше најплодна година, а сега со гордост можам да кажам дека оваа 2016 година ги поместивме нашите граници. Ветуваме дека 2017 ќе продолжиме со исто темпо и ќе бележиме резултати за паметење не само за Охрид туку и за Македонија. – рече тренерот на екипата, Марјанчо Лазаревски.
Клубот за најдобар теквондист во 2016 година го прогласи малиот Давид Крстески кој имаше феномални настапи на меѓународните турнири. Крстески на турнирот во Босна и Херцеговина ги собра сите аплаузи, а во Бугарија беше прогласен за најдобар на турнирот.
Посебна благодарница и плакета клубот му врачи на ПН Метал и НМ Метал за констатната и несебичната поддршка без која теквондо клубот немаше да биде на нивото на кое се наоѓа.
Фотогалерија:
Заеднички коктел за крај на успешната 2016 година.
Мх.П.