Поларните температури што го зафатија Охрид изминатите неколку дена делумно го замрзнаа каналот Студенчишта. Вчера утрото на површината на каналот имаше тенок слој мраз, а змрзнати беа и поплитки делови од езерото. Последен пат каналот Студенчишта целосно замрзнал во 1939 година, кока под мраз биле и делови кај пристаништето. Студеното време според прогнозите ќе потрае до крајот на неделата, кога се очекува  благо затоплување проследено со врнежи од снег и дожд.


Замрзна каналот Студенчишта

Г. Момироски
фото: Емилио