Со свечено отварање започна летниот кошаркарски турнир “Охрид 2013“. Организатори на летниот кошаркарски турнир се  кошаркарскиот клуб „Колибри“ и Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, а главен покровител е Општина Охрид.


– Овој настан е дел од нашата стратегија за развојот на спортот во Охрид. Нека биде ова почеток од една традиција која ќе ја негуваме долго време – рече в.д директорот Иван Цветкоски, кој го отвори турнирот.


– Овој турнир ќе прерасне во традициција и е генерална проба за меѓународниот турнир кој ќе се одржи на средината од август – истакна организаторот, Весна Балазоска.


На турнирот во Охрид учество зедоа шест екипи во машка и четири екипи во женска категорија, а на теренот ќе продефилираат повеќе од 150 дечиња.

Мх.П.