Со првото доаѓање на Дејвид Мојс на „Олд Трафорд“ како манаџер на Манчестер Јунајтед започна нова ера во клубот.

„Црвените ѓаволи“ повеќе од 26 години беа под палката на Сер Алекс Фергусон, кој по завршувањето на минатата сезона одлучи да се повлече.

Токму „стариот лисец“ за нов манеџер го промовираше Дејвид Мојс и му вети целосна поддршка во кроењето на шампионскиот состав.

Мојс ќе има тешка задача да го задржи победничкиот менталитет на „ѓаволите“ кои секогаш излегуваа како победници додека Фергусон беше на клупата.

Наследникот на Фергусон може да ги освои симпатиите на навивачите ако успее да го убеди Вејн Руни да остане на „Олд Трафорд“. Англискиот репрезентативец пред завршување на минатата сезона најави дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Мх.П.