Врнежи од снег со послаб интензитет попладнево го зафатија Охрид и охридско.

Снегот, кој повеќе го има на повисоките места во Дебарца  засега не предизвикува поголеми проблеми. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот во земјава се одвива по претежно влажни коловози без забрани и застои. Коловозите се проодни и опесочени. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на коловозот на осојните места.

Според најавите на УХМР, времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 3 степени Целзиусови.

OhridNews