Депонијата во Струга се уште тлее. Најкритично беше во текот на вчерашниот ден и ноќта кога дуваше засилен ветер кој ги разнесе токсичните обчаци чад над населените места во градот и околината. Струга обвиена со чад можеше да забележи и денеска од Охрид. За тоа колку е алармантна ситуацијата во Струга говорат овие фотографии направени од нашиот читател Филип од населбата Рача во Охрид.

Стружани се револтирани, но и загрижени за своето здравје и бараат итна санација на депонијата која со прекини гори од април. Локалната самоуправа информира дека постојано бара помош од државата во решавањето на проблемот, а владата вчера донесе времена мерка со која на располагање ги стави сите расположливи средства за гаснење на струшката депонија.

OhridNews