Иако во летниот период, плажите по охридското крајбрежје се полни со луѓе и се едни од најживите и највеселите места, во текот на зимскиот период изгледаат жално и пусто. Речиси ниту еден од помалите угостителски објекти не работи, а ретко може да се забележи човечко присуство. Единствено може да се сретне по некој рекреативец , кој ужива во убавините на Охридското Езеро и без топлото сонце.



Жалната слика ја надополнува и намаленото ниво на езерото, кое од плажите е повлечено за околу еден метар.

OhridNews