Еден од патоказните знаци кој бил поставен на крстосницата помеѓу  улиците ,,Јане Сандански” и ,,Туристичка” од неодамна, под влијание на некоја непозната сила е префрлен на друго место, односно лежи превртен преку оградата од стамбената зграда која е во близина.


Немаме информација како овој важен патоказен знак се нашол на ова место, кој и зошто го ставил таму, но сепак апелираме до надлежните, да најдат време и да му ја вратат првобитната функција.

OhridNews