Во организација на Pro Art & Co од Лондон, Mag- Culture & Experience од Скопје и Општина Охрид , од 21 до 28 мај  2012 година , во позната галерија “Old Chelsea Town Hall, Librarys Gallery, во Челзи- стариот дел на Лондон , ќе се одржи изложба на фотографии на природното и културното наследство на Охрид.

Изложбата, на која  ќе бидат поместени педесетина фотографии , веќе се промовира во британската јавност. Печатен е каталог за изложбата , а информација е објавена и на веб страницата на галеријата.

OhridNews