Со денешната изложба на фотографии од Атанас Талевски, во Културно – информативниот центар „Култура 365“ во Охрид, започнува зимската сезона на културни настани. Околу триесетина фотографии во две различни големини, денеска беа изложени во чест и спомен на починатиот уметник.


Карактеристично за овие ремек дела, се различните мотиви од земјите во кои престојувал Талевски. Преку овие мотиви, овој човек претставува уметнички амбасадор на земјава, овозможувајќи им на љубителите на фотографијата, да се запознаат со природните убавини на Македонија. Еден од главните елементи во неговите фотографии, се луѓето од пониските класи во општеството. Најкарактеристично е тоа што, Талевски е уметникот што ја отвори првата фото-галерија, односно, фото изложба во Охрид, во 2000-та година.


Инаку, Атанас Талевски (1954 – 2008) е роден во Велес, но последните 18 години од животот ги поминал во Охрид. Долго време престојувал во Германија, а како фотограф работел и во Виетнам. Престојувал и во други земји на Европа и Азија. Зад себе има десетици изложби, а илјадници негови фотографии висат на ѕидовите на бројни домови и институции ширум светот.

OhridNews