Масовното одбележување на празникот Водици во Охрид го привлече вниманието на светските медиуми.

Како што информираат од здружението „Богојавление“, фрлањето на чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро на 19-ти јануари во Охрид ќе го проследи и фоторепортер на американскиот телевизиски канал Си-ен-ен.

За водици во Охрид се очекуваат бројни новинарски екипи од земјава, кои поради непречено следење на настанот треба да го пријават своето присуство кај организаторот на манифестацијата.

OhridNews