Ноќеска, петнаесет минути по полноќ, во СВР Охрид, 21-годишна девојка од Скопје пријавила дека пред угостителски објект кај населбата „Коњско“ била физички нападната од 31-годишен скопјанец.
Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.
Утрово, пак, во 5 часот, во СВР Охрид, 19-годишен скопјанец пријавил дека на Кеј „Македонија“ во Охрид, бил физички нападнат од засега непознато лице.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
OhridNews












