Вечерва, со почеток во 20 часот селекциите на Франција и Белгија први ќе излезат на мегдан и ќе ги одмерат силите во 1/2 финалето на Мундијалот кој се одржува во Русија. Во второто полуфинале, кое, на програмата е утре, во истиот термин ќе се судрат Англија – Хрватска.

„Триколорите“ од четирите полуфиналисти делуваат најсигурно поради победите над Аргентина 4-3 односно над Уругвај 2-0, а од другата страна „црвените ѓаволи“ покажаа карактер совладувајќи ја Јапонија 3-2 и покрај негативата 2-0 и Бразил со 2-1 кој беше фаворит број еден за титулата.

Двете селекции немаат проблеми со повредени и казнети фудбалери и со целиот арсенал ќе војуваат на теренот во Санкт Петербург, за билетот кој води во финалето.

OhridNews