Претседателот на Француската одбојкарска федерација (ФФВБ), Ерик Тангуј, објави дека француската репрезентација нема да учествува на Светското првенство во 2022 година доколку истото се одржи во Русија.
Безбедноста на нашите сограѓани е наш приоритет и ќе се потрудиме да ја гарантираме за време на национални или меѓународни натпревари. Во овој контекст и во оваа фаза, Франција нема да учествува на Светското првенство доколку Русија ги задржи правата за негово домаќинство, рече Тангуј.

Претходно, Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) објави дека не планира да го премести Светското првенство 2022 година од Русија.
OhridNews










