Репрезентацијата на Франција е прв полуфиналист на Светското првенство во фудбал што се игра во Русија.

Попладнево „триколорите“ го совладаа Уругвај со 2:0. Првиот гол беше дел на Варан во финишот на првото полувреме, а вториот несмасна интервенција на голманот на Уругвај Муслера кој по една лоша интервенција на удар од далечина ја смести топката во сопствената мрежа.

Во вториот четвртфинален натпревар, вечерва, се среќаваат Бразил и Белгија.

OhridNews