Паузата во фудбалот поради пандемијата на коронавирусот скапо ќе ги чини француските клубови. Екипите кои се натпреваруваат во Првата лига во Франција ќе се соочат со вкупна загуба од 110 милиони евра.

Финансиската загуба ќе биде од телевизиските права. Телевизијата „Канал +“ која ги пренесува мечевите не сака да ја исплати ратата додека трае паузата во фудбалскиот шампионат.

Клубовите, без парите од ТВ првата не ќе можат да издржат и со големи потешкотии ќе ја завршат сезоната. 40% од буџетот на клубовите се состои од парите добиени од телевизиските права.

За една сезона, „Канал+“ издвојува 541 милиони евра за клубовите во Лига 1 и во Лига 2. Во таа сума не влегуваат 200 милиони евра на филијалата „БеИН Спорт“.

OhridNews